Неделен хороскоп: Успешна недела пред неколку знаци
Лав
До крајот на неделава можен е конфликт во односите со партнерот поради вашата потреба секогаш да бидете во право. Како ќе му претставите некои работи на партнерот зависи од вас. Никој не може да влијае на вас.
Девица
Ова е неделава кога треба да се грижите за себе и вашето здравје. Можно е да имате проблем со органите за варење и тоа на нервна основа. Тоа е благодарение на проблемите кои не сте ги решиле на работа.
Вага
Неделава ќе се справувате со туѓа љубовна ситуација и тоа многу ви исполнува. За вас љубовта е најубавото чувство и сакате што повеќе да и се посветите. Вашите пријатели се секогаш ваша инспирација и вие сте нивна поддршка.
Шкорпија
Совршени денови за да ги видите партнерот и пријателите. Обидете се да се опуштите бидејќи овој период беше многу стресен за вас и вашите мисли и емоции. Научете да се опуштите повеќе.