Неделен хороскоп: Водолиите доминираат оваа недела!
Овен
Оваа недела ќе бидете многу посесивни. Ако должите извинување некому, сега е време да го направите тоа. Викендов емоциите ќе ве совладаат и можно е да бидете тажни. На љубовен план ќе имате пауза деновиве. Посветете се повеќе на учењето.
Бик
Самодовербата ќе преовладува кај вас оваа недела. Искористете ја шансата и направете нешто што не сте го направиле никогаш досега. Следете ја интуицијата и верувајте дека сте на добар пат.
Близнаци
Вашите емоции ќе си поигруваат со вас оваа недела, но не дозволувајте тоа да ве скара со друштвото. Објаснете им што ви се случува. Нема да можете да се фокусирате на училишните обврски заради ова. Очекувајте го неочекуваното.
Рак
Решете ја дилемата – време е да ја донесете одлуката што ја одложувавте веќе подолго време. Не сфаќајте ги сите работи здраво за готово, научете се да прифатите шега на ваша сметка. Ќе имате напредок на љубовно поле.
Лав
Вашата приватност е само ваша, не им дозволувајте на другите да се мешаат. Не се плашете од нови познанства, од каде знаете, можеби тоа е вашиот нов најдобар другар? Ви фали некое ново хоби или занимација за да си го исполните слободното време.
Девица
Не избрзувајте при носењето одлуки, посебно ако станува збор за важни работи. Среќата е на ваша страна, па затоа не плашете се и зачекорете храбро. Ќе добиете помош од личност од која најмалку го очекувате тоа. На повидок е нова љубов.
Вага
Тајните ќе останат тајни само ако не ги споделите со никој, нема ништо лошо во тоа да си чувате некои работи во себе. Излегувајте почесто со друштвото, но не потпаѓајте премногу под нивно влијание. Следи напорен период, затоа загрејте го столчето посовреме.
Шкорпија
Мислите ќе ви бидат насочени кон новата симпатија, па затоа нема да имате желба за ништо друго освен за мечтаење. Плановите што ги имате ќе добијат сигурна реализација. Не се плашете – ризикувајте, ако изгубите – пробајте пак.
Стрелец
Пазете се од луѓето кои сакаат да ве контролираат. Многумина не знаат за што сте способни, време е да им покажете. Можеби е подобро да не излегувате секој ден, за да посветите малку повеќе време и на учењето и домашните задачи.
Јарец
Караницата со најдобриот другар или другарка ќе ве растревожи и нема да можете да се фокусирате на учењето. Размислете сталожено, полесно е да се каже „извини“ отколку да се изгуби блиска личност.
Водолија
Оваа недела ќе сјаете од радост. Коцките сами ќе си се наредат и вие ќе го добиете посакуваното. Кон крајот на неделата можни се потенцијални проблеми, но вие на никого нема да му дозволите да ви ја уништи среќата.
Риби
Напорната работа секогаш се исплаќа, особено кога се работи за љубовта на вашиот живот. Нема ништо лошо во тоа да се биде љубопитен, но внимавајте да не ја преминете границата. Друштвото ќе ве бара за излегување, но вас нема да ви се мрда од дома.