НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Забава за Рибите, љубов за Јарецот

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Забава за Рибите, љубов за Јарецот

Овен

Неделава ќе бидете склони да ги повредувате оние кои најмногу ги сакате, најверојатно затоа што тие ќе бидат ваш издувен вентил. Иако сте убедени дека тие ќе ви простат, не заборавајте дека некои постапки оставаат рани засекогаш.

Бик

Ќе се борите за вашите права и за она што го заслужувате, па доколку некој ве потценувал во изминатиот период, сега бестрашно ќе се „кренете“ против него. Некои бикови ќе одат и толку далеку што ќе користат и правни мерки за да ја задоволат правдата.

Близнаци

Парите не можат да ја купат среќата, но можат да купат нешта кои ве усреќуваат, како омилените чевли или третман за разубавување. Неделава нема да штедите кога станува збор за вашето задоволство, а и не треба.

Рак

Фантазијата ќе ви биде неисцрпен извор на идеи, па секогаш кога ви е потребно решение, затворете ги очите и препуштете ѝ се на имагинацијата. Некои ракови ќе станат најбарани во нивната област на работа.

Лав

И премногу забава понекогаш уморува. Можеби е време да паузирате и да поминете квалитетно време дома. Погледнете околу себе, им недостигате на вашите најблиски.

Девица

Периодов некој ќе ги искористи вашите зборови против вас, па многу е важно да внимавате што изјавувате. Секој збор нека ви биде добро осмислен, особено кога разговарате со лица кои се ваши конкуренти.

Вага

Делче од вашиот живот ќе започне да се менува со брзина на светлината, а вие мора брзо да реагирате на промените за да имате контрола над она што се случува. Фокусирајте се на важните нешта наместо да навлегувате во детали.

Шкорпија

Не си земајте се’ при срце. Периодов нечие ладно однесување кон вас може да не е воопшто поврзано со вас. Разговарајте со таа личност насамо, можно е да откриете дека минува низ тежок период.

Стрелец

Зошто да го откривате секој детаљ од вашиот живот кога можете да привлекувате љубопитни погледи со својата мистериозност? Неделава бидете загатка која луѓето ќе сакаат да ја одгатнат, а не отворена книга.

Јарец

Планетите ќе ве направат екстремно чувствителни на зборовите на вашиот партнер, па можно е бурно да реагирате и на коментари кои вообичаено не допираат до вас. Внимавајте какви зборови користите, утре може да жалите за кажаното. 

Периодов ќе бидете склони кон мултитаскинг, па илјадници мисли истовремено ќе струјат низ вашата глава. Нема да биде чудно што сте толку многу расеани, само внимавајте вашите шефови да не го забележат тоа.

Риби

Неделава ќе сакате да се забавувате, па постојано ќе смислувате начини како да се пошегувате со најблиските дома или со пријателите за време на вечерното излегување. Ќе бидете како мало дете кое нема никакви грижи.


Можеби ќе ве интересира: