Нека не ве ограничува висината: Модни совети за ниските девојки
Ниските девојки обично носат високи потпетици и така ги надоместуваат сантиметрите за кои сметаат дека им недостасуваат. Тие не сфаќаат дека секоја девојка, која ќе се облече според својата градба и висина, може да изгледа одлично.
Ако себеси се сметаш за ниска девојка, а би сакала да си повисока, ти ги претставуваме модните трикови со кои можеш да „добиеш на висина“.
# Вертикални линии - за овој трик можеби веќе си слушнала од девојките кои имаат повеќе килограми, па поради тоа носат фустанчиња и маички со вертикални линии. Причината е едноставна. Овие линии те издолжуваат и со самото тоа изгледаш повисоко и секако послабо.
# Висок струк - pencil здолниште или панталони со висок струк во плакарот има секоја модно освестена девојка. А тоа тебе ти оди во прилог, ако сакаш да изгледаш повисоко.
# Мини - ти во секој момент можеш на носиш мини здолниште или фустанче, а тоа е нешто на кое би ти подзавидела секоја девојка, која од други причини не може да ги носи. Мини здолништето ги издолжува нозете.
# Шпицест врв на чевли - високите потпетици некогаш може да ти бидат и проблем, затоа имаме супер решение за тебе. Можеш да носиш и рамни чевли, а да изгледаш високо. Магијата е во шпицестиот врв, кој визуелно ќе ти ја издолжи линијата.
# Чизми до глуждовите - додека високите чизми дефинитивно не се за тебе, овие популарни чизмички до глужд се идеалниот избор.