Неколку работи што треба да знаеш пред да ја промениш бојата на косата
Умираш од желба да направиш некаква промена кај себе и одлучуваш да ја промениш бојата на косата што е навидум најлесен начин да се добие нов изглед. Пред да го сториш тоа прочитај ги овие совети што треба да направиш ако решиш да го превземеш тој чекор.
1. Бојата на косата ќе избледи и тоа не можеш да го избегнеш
Најголем причинител за избледување на бојата на коса како и губењето на сјајот на истата е сонцето, но покрај него значајна улога имаат и шампонот како и регенераторот што ги користиш. Колку и да е тешко, сепак мораш да му кажеш збогум на шампонот кој совршено одговара на твојата природна коса. Откако ќе одлучиш да ја промениш бојата ќе мора да го пронајдеш и вистинскиот продукт за бојадисана коса.
2. Ќе мораш да ја обновуваш бојата
Без разлика каква грижа водиш за косата, од тој момент ќе мораш да бидеш уште попосветена. Бледеењето е неизбежно, но и фактот дека косата во просек расте околу 1.5 см за еден месец исто така, па заради тоа ќе мора да ја третираш косата на отприлика 6-8 недели, зависно од изгледот кој го посакуваш. Со цел да се избегне „подникнатиот корен“, а да не мора да ја третираш косата толку често ти советуваме да го одбереш моментално најголемиот тренд - омбре, кој бара нега еднаш до два пати во текот на годината.
3. Одбери фотографија на која ја има твојата идеална боја
Независно дали изборот ќе се случи благодарение на златните раце на другарка ти, или пак ќе посетиш врвен стилист не заборавај да им ја покажеш фотографијата што си ја одбрала бидејќи секој има различна перцепција за бои.
4. Осветлените прамени се најдобар избор
Велиме најдобар избор заради фактот дека е најлесно за одржување, изгледа кул и никогаш нема „подникнат корен“, бидејќи и онака целата коса веќе ќе има милион нијанси.
5.„Немој да ја миеш косата првите 4 дена по промената на бојата!“- МИТ
Да веројатно ќе го слушнеш овој совет, но не е вистина. Бојата ќе биде тука на почетокот и секако ќе изчезне со текот на времето без разлика дали ќе ја измиеш уште следниот ден или пак за една недела.
6. Направи алерго-тест!
Земи мал дел од бојата и нанеси една точка на некој помалку видлив дел од вратот, почекај кратко и осигурај се дека нема никаква алергиска реакција, доколку има, не ја нанесувај бојата на целата коса и следи ги упатствата на кутивчето.
7.Црвената боја е најтешка за одржување
Извини доколку те разочаравме, јасно е колку сите посакуваме да бидеме ginger, но пред да се одлучиш на тој чекор мора да ги знаеш овие факти за црвената боја на коса: најтешко се достигнува, најбргу избледува, најтешко се отстранува и најбргу го губи сјајот. Пред да се одлучиш да бидеш „црвена“ размисли два пати!
Да, токму така, зависно од тоа во каква здравствена состојба е твојата коса зависи и бојата и нијансата што ќе ја добиеш. Не очајувај и не лути му се на стилистот заради тоа што твојата коса има малку посветла или пак потемна нијанса од онаа која ја имаше замислено. Оштетената коса секогаш има послевтли нијанси.
9. Не секогаш се добива посакуваниот ефект
Не очајувај доколку при првото менување на бојата нема да ја добиеш баш онаа што ја посакуваш, но со неколку повторувања ќе успееш - за сѐ е потребно упорност и време.
10. Не секоја нијанса и боја на коса одговара на секој тен
Пред сѐ најголемо значење при изборот на боја и нијанса има тенот. Доколку не си сигурна каква боја одговара на твојот тен, обрати се кај стручно лице пред наместо нова, поубава личност да направиш катастрофа од себе. Добра опција е и фотшопот, доколку не можеш да се замислиш себеси со нов изглед, измени една твоја фотографија и погледни дали би ти се допаѓала новата верзија од себе.
11. Одбери добра понуда
Доколку прв пат ја менуваш бојата на косата сигурно не знаеш колку чини ова задоволство. Пред да закажеш провери ги понудите во неколку различни салони како и фотографиите од нивната досегашна работа или пак посоветувај се со некој кој има подолго искуство во тоа. Во ред е да згрешиш, но барем обиди се да избегнеш.
12. И за крај - не мора да ја менуваш и бојата на веѓите!
Сосема е нормално веѓите да бидат различни од бојата на косата. Сепак доколку е тоа изгледот кој го посакуваш е во ред, но тука секако е потребен специјалист - немој тоа да го правиш сама. Хемикалиите кои ги содржат боите се прилично јаки па постои ризик да се оштети видот со оглед на тоа дека веѓите се многу блиску до очите.