Неколку совети кои ќе ви го олеснат учењето

Неколку совети кои ќе ви го олеснат учењето

Објавена во: Совети // School zone

Можеби сè уште не сте се помириле со тоа, но учебната година веќе одамна започна и летото заврши. Еден потсетник за сето ова се сите најавени тестови и цел материјал кој чека на вас да го научите. Иако сме речиси сигурни дека со поголемо задоволство би гледале видеа од вашите омилени јутјубери, училишните обврски не смеат да се занемарат. Ние ви нудиме неколку совети за полесно да се справите со тој стресен период.

-  Не учете напамет

Иако можеби тоа ви изгледа како добра идеја и да, можеби ќе ви помогне да добиете петка на тестот, но вие ќе заборавите сè што сте учеле уште наредниот ден. Па замислете ако имате екстерно оценување по тој предмет на крај на година, тогаш дури ни Ајнштајн не би можел да ви помогне.


-  Измислувајте си приказни

Доколку материјалот е мнооооогу досаден и учењето навистина тешко ви оди, добра тактика е да измислите приказна во која ќе ги вклопите новите информации што треба да ги научите. Не мора да има никаква смисла, но сигурно ќе запомнете дека  - „Транслаторно движење претставува паралелно поместување на секоја отсечка или права“ доколку замислите една права линија како паралелно се поместува и се движи кон Google Translate.

Почнете порано

Тестот е закажан за следната недела па вие одлучивте викендот да не се приберете дома? Мислите дека можете да го совладате материјалот во еден ден, но штом дојде ден пред тест почнувате да паничите и информациите ви се мешаат во главата. Сето ова може да се спречи доколку започнете со учење барем неколку дена порано.

Правете паузи

Паузите, комбинирани со учење на време се рецептот за петка. Многу е битно да правите барем петминутна пауза на секој саат. На мозокот му треба малку одмор за да ги процесира сите нови работи што ги прочитал.


-  Стил на учење

Запомнете дека секој има свој посебен стил на учење, некој најдобро учи со лежење, некој со шетање, некој со седење, некој со слушање, а некој сака да го препишува целиот материјал во тетратка. Не се ограничувате само на работната маса, доколку полесно ви е да лежите на земја со книгата во рака, направете го тоа, колку и да ви звучи лудо. Доколку полесно учите преку слушање, снимајте се како го кажувате материјалот и после преслушувајте го. На крајот на денот, најбитно е што сте научиле, а не како сте го научиле.

-  Маркери и стикери

Маркери, стикери, пенкала во боја и слични вакви колоритни помошници се тука за да ви го разведрат учењето. Црно-белата страница веднаш добива живот и повеќе ве привлекува да ја прочитате. Добро е да користите разни бои, на пример една боја за наслови, втора за потточки, трета за дефиниции, или како и да ви одговара вам.


-  ЧОКОЛАДО!

Fun fact: Чоколадото помага при помнење на нови информации. На овој начин имате оправдување да ја пробате новата милка што ја меркавте неколку дена.


Кике Цветче


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: