Kако да ги разликуваш вистинските од лажните другари!
Без
разлика дали со твојот другар или другарка се дружите од пелени или се запознавте
пред само неколку месеци време е да провериш дали станува збор за вистинско или
лажно другарство.
1. Вистинските другари секогаш те ставаат на прво место.
Ова не значи дека цел свет треба да се врти околу тебе туку едноставно дека вистинскиот другар секогаш има време за тебе па дури и да го разбудиш во 2 часот по полноќ.
2. Лажните другари имаат неколку лица.
Лажните другари различно се однесуваат во одредени ситуации. Ако забелешиш дека некој глуми во друштвото и некому му се прави најдобар другар, а ти знаеш дека тоа не е така, време е да се запрашаш дали тоа го прави и пред тебе.
3. Лажните другари не кажуваат што мислат.
Другарите што глумат никогаш нема да ти го кажат во лице она што го мислат за тебе. Тие најчесто зборуваат зад грб, а многу е веројатно и она што го мислат вистински за тебе да го прераскажуваат наоколу.
4. Со вистинскиот другар разговорите не завршуваат со караници.
Постојат теми со кои не се сложувате и имате спротивставени мислења, но тоа не значи дека на крајот разговорот треба да заврши со караница. Ако сте вистински другари ќе продолжите со разговорот колку и да не ви се исти гледиштата на одредена тема.
5. Лажните другари бргу ги снемува.
Ти си супер за дружба, но само како резерва, кога нема никој поинтересен или кога сите се зафатени. Време е да се запрашаш со кого се дружиш и дали е тоа она вистинското другарство.
6. Вистинскиот другар не се јавува само кога му требаш.
Вистинскиот другар знае да ти се јави и по неколку пати во денот само за да те преша како си или едноставно само за да ти пречи, па од јавувањата по 48 пати на денот да направи добра зафрканција. Лажните другари пак се јавуваат само кога се во невојла или кога им е потребно нешто.
7.
Лажните другари бргу се лутат.
Ако не успееш да стигнеш на време или не сакаш да излезеш вистинскиот другар нема да ти се налути, напротив ќе најде разбирање и излез од ситуацијата.