Нема да биде дел од новата сезона: Барби Фереира ја откри вистинската причина зошто ја напушта „Еуфорија“
Уште порано најави дека заминува, а сега ја откри причината...
Пред извесно време се прости од Кет, а веднаш потоа се појавија шпекулации дека заминува поради драмата која се одвивала зад сцената, но Барби сега ја откри вистинската причина зошто повеќе нема да ја гледаме во популарната серија.
Кет не добивала време во „Еуфорија“ колку некои други ликови, но и понатаму, без неа ништо нема да биде исто. Беше важен дел од серијата, а на многумина и омилен лик. Новата сезона сите ја очекуваат со нетрпение, а пред некое време Барби објави дека се збогува со Кет и дека нема да се врати во новата сезона.
Имаше шпекулации дека си заминува поради несогласувањта кои ги имала со Сем Левинсон, еден од креаторите на серијата. Излегува дека сепак тоа не е причината. Таа гостуваше во подкастот „Armchair Expert“, каде зборуваше малку повеќе за заминувањето од серијата.
Таа не сакаше да зборува со драмтаа и расправијата со креаторот, но кажа дека тоа не е причината за нејзиното заминување. Веќе во последната сезона, Кет станува повеќе спореден лик и нејзината приказна добиваше малку простор, а на Барби тоа не ѝ се допаднало. Кажа дека го обожава ликот што го глуми, но дека ѝ делувало дека за Кет повеќе нема место во серијата, дека нејзината приказна е завршена.
Иако можеше да остане и приказната да продолжи, таа не е сигурна дека ќе продолжи во правец кој ќе биде најдобар за неа. Додаде дека повеќе не сака да биде дебелата најдобра пријателка, не сака повеќе да ја игра таа улога. Иако од една страна ѝ е жал што заминува, од друга страна знае дека тоа е најдобрата одлука за неа и за Кет.
фото: Принтскрин / Imdb