Нема рани кои времето не може да ги излекува: Инфлуенсерката Шијакоска пред една година и денес
Мислев дека никогаш нема да си го вратам мојот лик назад, но сепак нема рани кои времето не може да ги излекува.
Постирајќи две фотографии на инстаграм, познатата инфлуенсерка кај нас Александра Шијакоска се потсети на едни тешки мигови кои ги доживеа пред една година.
Таа е силна, храбра. Се избори со операција на тумор на главата, а и самата вели дека животот ѝ дал уште една шанса да живее.
Битката која ја водеше, таа ја споделуваше со следбениците, а од сѐ тоа излезе како вистински херој и победник, истрајна и упорна и покрај тешкотиите со кои се соочуваше.
Шијакоска е позитивна, таа е модна блогерка и демонстира мода.
Години наназад води свој профил на Инстаграм, а во последните 3 години заработува од него.
Фото: Принтскрин / Инстаграм