(Не)обичен минт костим за капење со кој нема грешка: Анастасија Ражнатовиќ во бикини кое секоја девојка ја претвора во кралица на плажа

(Не)обичен минт костим за капење со кој нема грешка: Анастасија Ражнатовиќ во бикини кое секоја девојка ја претвора во кралица на плажа

Објавена во: Мода // In and Out

Пејачката која моментално ужива во магијата на црногорското приморје, сподели уште еден костим за капење, кој сигурно ќе се носи на балканските плажи...

Ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија оваа година, како што тврдат медиумите, беше на четири одмори, а сега ужива во својот петти.

Иако оваа позната љубителка на плажите и сончањето често споделуваше фотографии од море, немавме можност да ја гледаме често да носи еден костим за капење - таа одново не изненадува со едноставни, а многу интересни модели.

Младата пејачка, која овие дена е во Црна Гора, сега сподели фотографии на кои позира на јахта во ефективно бикини во минт нијанса. Станува збор за модел чиј горен дел е составен од метална алка, а долниот дел е сосема обичен.

Анастасија на овој костим за капење носеше само тенка алка на ногата, додека пуштената коса ја имаше оставено да се виори.

Едноставно, а сепак привлекува внимание и изгледа одлично.



Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: