Необичен однос на мајка и син: Од него направи своја слика и прилика, а сега ја снима додека води љубов со жена

Необичен однос на мајка и син: Од него направи своја слика и прилика, а сега ја снима додека води љубов со жена

Објавена во: Stars // Филм

Дали британската актерка навистина сакала да има ќерка наместо син или тој премногу се огледувал на неа со оглед на тоа што таа сама го растела е енигма за сите

Елизабет Харли и нејзиниот син Демијан Харли, кој има неверојатна сличност со неговата мајка, се појавија рака под рака на специјалната проекција на неговото играно режисерско деби „Строго доверливо“, што се одржа во центарот Робин Вилијамс во центарот на Менхетен во средата.


Гламурозното дуо го дели истиот стилист Мајк Адлер, кој ја облече 58-годишната британска ѕвезда во златен фустан кој го истакнува деколтето, а нејзиниот „близнак“, 21-годишниот Демијан, во црна свилена блуза и панталони кои совршено одговараа со мајка му.

На мајката и синот им се придружи и поранешниот сопруг на Елизабет, Арун Најар, од кого таа се разведе во 2011-та година по само три години брак поради наводно „неразумно однесување“.

Се крена многу врева затоа што Харли Јуниор режираше сцени во кои неговата мајка Елизабет се појавува во експлицитна верзија и сцени на лезбејски секс со колешката Пир Чиравара, која е 30 години помлада од неа.


И иако фановите се во шок и велат дека ова е уште една потврда за нивната чудна врска, на Харли не им е грижа и не гледаат во што е проблемот.

„Она што се случува меѓу мене и актерката, за кое луѓетокреваат врева, беше составен дел од приказната“, рече Елизабет, додавајќи дека се чувствува „многу безбедно во неговите раце“.

Режисерот дополнително го објасни своето 18-дневно снимање: „Едноставно немавме време. Снимање независен филм, секоја секунда е важна, секоја минута е важна...Таа [секс] сцена беше една од седумте што ги снимавме тој ден. Тоа беше последното нешто што ми падна на ум. Требаше само да ја добиеме сцената, да ја направиме да изгледа добро и да продолжиме на следните 12 сцени тој ден“.

Изгледа оваа мајка е горда на својот син, иако се чини дека има различни амбиции и планови за него.

„Секогаш велам: не сакате луѓето да се досадуваат со вас. Мора да знаете сè за географијата, историјата, античката историја, тоа е интересно. И тогаш, се разбира, ако сака да биде, и ако е талентиран и има доволно среќа да биде филмска ѕвезда, тоа би било многу, многу убаво. Тоа би било шлаг на тортата за мене откако тој ќе стане целосна личност“, рекла еднаш Елизабет.


Едно време, Демијан се впушти и во манекенските води, приклучувајќи се на армијата деца на познати родители кои го прават тоа, како што се: Кајли Џенер, Киа Гербер, Бела и Џиџи Хадид.

Она што го прави Дамјан различен е неговиот андроген стил. Имено, младото момче не се двоуми да се нашминка или да облече женска облека. Најзадоволен е кога се облекува речиси исто како неговата мајка, актерката Елизабет Харли.

Извор: stil.kurir.rs

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: