Необични работи кои можеш да ги направиш со лак за нокти!
Лакот занокти е еден од најпродаваните козметички производи, но многу девојки не знаат дека е многу покорисен отколку што изгледа на прв поглед.
Освен што ги разубавува ноктите и им дава сјај, може да ти олесни секојдневието, но и да ја изрази твојата креативност.
Освежи ги старите чевли – имаш чевли кои ти се здодевни и само ти пречат. Пробај да ги украсиш со некој стар лак, а изборот е само на тебе, дали ќе направиш цвеќиња, срциња или само линиии. Во истиот момент ќе добиеш нови, откачени чевли подготвени за долги прошетки.
Означи ги клучевите – за никогаш повеќе да не ти се случи бесконечно долго да стоиш пред влезната врата додека пробуваш да го најдеш потребниот клуч, едноставно означи ги. Еден клуч нека биде црвен, друг зелен, а третиот жолт.
Заштити го накитот – најверојатно досега си имала зелена трага на твојата кожа, која ја остава бужутеријата. Едноставно твоето омилено ланче или нараквица намачкај ги со тенок слој безбоен лак за нокти и проблемот ќе биде решен.
Спаси ги хулахопки – со овој проблем сигурно си се сретнала до сега. Забавата е одлично, но твоето расположение го расипале твоите хулахопки кои баш тогаш одлучиле да се скинат. Овој проблем може многу лесно да се реши. Додека дупчето е мало, стави на него капка безбоен лак и така биди сигурна дека нема да прошири повеќе.