Нермин Ханџиќ е победник на „Ѕвездите на Гранд“: Има само 19 години, Вики Миљковиќ му е ментор
Вечеравечер се одржа големото финале на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а победата по тензичното гласање ја однесе Нермин Ханџиќ кој има само 19 години.
Саша Поповиќ пред продукцијата „Гранд“ го објави победникот, а неговата менторка Вики Миљковиќ не можеше да се собере од среќа.
Нермин не ги криеше емоциите поради победата, па цело време беше на работ на солзи, додека присутните му приоѓаа да му честитаат.
Во финалето на популарниот натпревар влегоа вкупно 16 кандидати. Од нив во суперфиналето влегоа Нермин Ханџи од Босна и Херцеговина, како и Александар Јосифовски од Македонија.
Фото: screenshotИзвор: www.blic.rs