НЕВЕРОЈАТНО: Четкањето заби не е единствената функција на четкичката за заби!
Четкичката за заби е една од најважните алатки за убавина, бидејќи благодарение на неа твоите заби се здрави и убави. Но, таа може да послужи и за други работи кога е во прашање убавината.
Биди еколошки освестена и немој веднаш да ја фрлиш старата четкичка, туку дезинфецирај ја во врела вода и искористија за некои од овие работи:
# средување на веѓите (прво малку испрскај ја со лак за коса);
# чистење на нокти и омекнување на кожата околу ноктите (пред тоа брцни ја во маслиново масло).
Ова беа неколку совети за старата четкичка, а новата може да ја употребите за:
# „расчешлување“ на трепките, симнување на грутките од римелот;
# благ пилинг на усните (на усните најпрво нанеси дебел слоб балсам, а потоа нешто помини ги со мека четкичка за заби).