Невообичаено големите очи на оваа девојка станаа хит на интернет: Им ја враќа самодовербата на девојките со сличен изглед
21- годишната девојка од Њујорк стана сензација на социјалните мрежи...
Саманта МекНаб е млада девојка која на ТикТок ја следат скоро 300.000 луѓе. Со едно видео кое го објави, а кое има повеќе од 24 милиони прегледи, го привлече вниманието на јавноста. Имено, Саманта има големи и изразени очи.
@sam.mcnab the last one is terrifying.
Follow me - .
Секако, тоа беше повод за хејтерите на Интернет да почнат да ја споредуваат со Голум од Господарот на прстените. Имаше и споредби со Мистер Бин или Никол Ричи, а некои нејзини следбеници посочија дека таа би била идеален лик во филмовите на Тим Бартон.
Додека некои ја исмејуваа, други се загрижија поради нејзиното здравје, предупредувајќи ја дека можеби боледува од Грејвсовата болест. Имено, се работи за болест на тироидната жлезда која се манифестира со испакнати очи и може да предизвика оштетување на очното ткиво.
@sam.mcnab idk why this is a trend. but it invloves eyes so yk i had to hop on it.
original sound - WARRIORSCENTRAL2
Меѓутоа, како што пишува британскиот „The Sun“, Саманта тоа го демантираше, велејќи дека во минатото ја проверувала штитната жлезда и дека со неа се било во ред.
Саманта добива пораки и од други девојки и жени кои биле исмејувани поради нивните крупни очи и ѝ се заблагодаруваат, бидејќи незините видеа, кои ги објавува на ТикТок, им ја враќаат потребната самодоверба и верба во себе.
„Тоа е најголема награда за мене. Сакам да ја имам таа единствена работа на себе која ми овозможува да се истакнам на добар начин, па зошто да не ја прифатам“ - кажа таа.
фото: Принтскрин / ТикТок