Модни додатоци кои е подобро да се купат во класични отколку во тренди верзии: Ако ги одберете овие 7 нема да згрешите
Купувањето
облека, чевли или модни додатоци само во тренди изданија не е најдобрата идеја.
На тој начин ќе имате плакар полн со различни алишта кои не можете да ги комбинирате и секогаш ќе се чувствувате како да немате што да облечете.
Класиците се основата на секоја гардероба.
Иако понекогаш изгледаат досадни, а работите кои се во тренд се оние кои ги гледаме како примамливи и забавни, класиците сепак. се подобар избор. Обичната бела маичка е обична, но кога е украсена со некој трендовски детаљ, побрзо ќе ни го привлече вниманието.
Сепак, доколку се одлучите за класичен детал, тој нема да трае само една сезона, туку ќе можете да го комбинирате често.
Покрај облеката, се прават грешки и кога се во прашање чевлите и аксесорисот.
За да ги користите работите што ги купувате постојано а не само неколку пати, ви предложуваме неколку совети.
1. Чанта за секој ден
Работите кои се секојдневни, се најдобри во класичните модели бидејќи се вклопуваат во поголемиот дел од вашата гардероба. Така со сигурност ќе знаете дека нема да фаќаат прашина во некој агол од домот. Купувањето чанта за секој ден што е во тренди издание значи дека веројатно нема да можете долго да ја носите бидејќи повеќе нема да ви изгледа добро кога ќе излезе од мода, а можеби ќе изгледа чудно со вашите облека. Класиците се подобра идеја, само најдете ја онаа што одговара на вашиот стил и ќе можете да ја комбинирате во секоја варијанта.
2. Очила за сонце
Ако ги купите лудите очила за сонце на Balenciaga, голема е веројатноста дека ќе ги носите само едно лето, бидејќи следното нема да бидат во тренд. Во ред е ако сте купиле евтини очила, но ако сакате тие да бидат брендирани, веројатно е попаметно е да се стремите кон класични, безвременски модели кои можете да ги носите од лето до лето.
3. Ремен
Ви се случило ли да имате 10 ремени а да не можете да искористите ниту еден? Тоа е така затоа што одбирате тренди варијанти. Обичен црн кожен колан никогаш не излегува од мода. Тој ќе ви се најде во многу комбинации а притоа ќе изгледа ок. Затоа добро е да имате еден во вашиот плакар.
4. Сребрен и златен накит
Одбирајте класични модели кои нема да излезат од мода ни по 15 години. Притоа ќе можат да ви се вклопат во секоја варијанта. Подобро размислите пред да вложите големи пари за да не остане за секогаш во кутијата за накит, чекајќи го своето време.
5. Мини ташни за свечени пригоди
Повеќето од нас не одат многу често на свечени настани. Па и кога одат одбираат чанти кои се тренди и не можат да ги носат повеќе од еднаш. Затоа доколку носите мали чанти за вакви пригоди најдобро е да купите класичен модел во црна или бела боја кој ќе можете да го комбинирате со се долги годиди.
6. Високи потпетици
Ако сте од девојките кои не сакаат да носат штикли одбирајте мудро. При купувањето внимавајте да се работи за класичен модел, а не некој што е во тренд во моментот. Тренди моделите се менуваат од сезона во сезона и за половина година веќе нема да можете да ги носите, затоа што ќе бидат надвор од мода.
7. Часовник
Рачниот часовник е уште еден моден додаток кој го носиме секој ден. Кога се издвојува од сè друго во вашиот плакар, веројатно е дека нема да го носите секојдневно. Затоа пред овој додаток да биде дел од вашиот стил, размислете добро дали тоа е нешто што одлично се вклопува во вашата гардероба и дали ќе сакате да го носите за година или две, особено ако е скап.
Фото: teen385screenshot