Ни гламур, ни луксуз - јавноста е изненадена од топлината на неговиот дом: Како изгледа собата на наследниците на Ѓоковиќ? (ФОТО)
Јавноста остана изненадена од изгледот на спалната соба на Стефан и Тара Ѓоковиќ, бидејќи сите очекуваа да видат луксуз...
Со оглед на тоа што Тара и Стефан Ѓоковиќ се деца на првиот рекет во светот, јавноста очекува да живеат живот од бајка, полн со луксуз, меѓутоа, нивните родителите им одбрале сосема поинаква реалност.
Детската соба на Тара и Стефан, судејќи по она што имавме можност да го видиме на социјалните мрежи, минималистички уредена, со неутрални тонови, а единствено нешто што во неа сигурно има во изобилие се интерактивните играчки, кои на децата им помагаат да развијат интелигенција и концентрација.
Новак и Јелена даваат сѐ од себе за своите деца да ги воспитаат да бидат скромни, како и да ги научат вредностите од учењето. Нивниот дом е исполнет со книги, љубов и насмевки, но дефинитивно не со материјален луксуз.
„Моите деца се прва генерација на деца која никогаш не добила ќотек. Јас го добивав од своите родители, мојата мајка пред мене, татко ми, моите баба и дедо, на Новак исто така. Стефан и Тара се прва генерација и верувам дека тоа што не одговараме на грешките и погрешното толкување на емоциите со насилство навистина ќе го промени светот. Верувам дека тоа е голем квантен скок во менувањето на историјата и иднината“ - кажа Јелена при нејзиното гостување на панелот „Иднината е сега“.
Исто така, откри дека поставила некои потполно други темели во воспитувањето на своите деца, а бидејќи сѐ почнува од семејниот дом, домот на Новак Ѓоковиќ и неговото семејство е уреден така што секој член има сѐ што му е потребно, но ништо премногу.
фото: Принтскрин / Инстаграм