Никогаш не би се сетиле на причината: Зошто Кејт Мидлтон често носи ролки?
Во неофицијалното натпреварување за титулата икона на стилот помеѓу членовите на монархијата, би се рекло дека првото место го држи сопругата на принцот Хари, Американката Меган Маркл.
Неодамна неприкосновената икона на стилот на кралското семејство - Кејт Мидлтон мораше да го отстапи тронот на својата јатрва.
Двете војвотки може да се пофалат со истенчен вкус, но потполно различни стилови. Меган е склона кон младелашките и тренди комбинации, додека Кејт е повеќе за спортска елеганција и повеќе практични парчиња облека.
Тесните панталони со длабоки џебови се нејзиниот заштитен знак, кога станува збор за есенската сезона и активностите во природа, а познавачите на модата забележаа дека често носи и ролки.
Секако, како што се анализира се што носат членовите на кралското семејство, така е откриена и причина поради која војвотката од Кембриџ често по оваа комбинација.
„Тесните ролки не само што ја истакнуваат витката фигура на Кејт, туку и даваат и рамнотежа на целата комбинација“ - смета стилистката Сузи Хаслер. „Освен тоа, овие парчиња се особено практични, бидејќи кога ги носи рацете на војвотката и се „слободни“ - не мора да внимава дали деколтето премногу ќе и се „отвори“ или да проверува дали јаката и се изместена и сл.“
Сето ова е логично, зарем не?