Никогаш повеќе нема да купите погрешна нијанса на пудра: Шминкер откри драгоцен трик

Никогаш повеќе нема да купите погрешна нијанса на пудра: Шминкер откри драгоцен трик

Објавена во: Мода // Moj стил

Жените знаат колку барањето на соодветна пудра е стресно, и колку е тешко да се одбере соодветна подлога за истата. Токму поради тоа, популарната американска шминкерка Роуз Сард има одличен совет како да ја изберете вистинската нијанса која одговара на вашиот тен и лице.

Доволно е, како што вели Сард, течната пудра целосно да се исуши.

- Не се одлучувајте за нијанса на пудра додека целосно не се исуши – вели шминкеркатапокажувајќи ја на своето лице разликата во нијанси помеѓу штотуку нанесена пудра и веќе исушена.


- Со мат и долготрајни пудри, дефинитивно треба да почекате да ја видите нивната конечна боја, додава таа.

 Една од причините зошто е добро да се биде трпелив при изборот е тоа што нијансата се менува кога формулата е во процес на сушење, а сосема поинаква е кога ќе оксидира.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: