Николија на настапите ја носи облеката на Весна од минатото: Семејната традиција ќе ја продолжи и малата Реа (ФОТО)

Николија на настапите ја носи облеката на Весна од минатото: Семејната традиција ќе ја продолжи и малата Реа (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Пејачката е горда што ќерка ѝ продолжила по нејзините стапки...

Пејачката Весна Змијанац отсекогаш била десна рака на ќерката Николија Јовановиќ, а денес му е на услуга и на зетот Реља Поповиќ, како и на внуките, и се труди максимално да им удоволи кога го поминуваат заедничкото време, особено во кујна.

Познато е дека Николија продолжи по стапките на мајка ѝ и во 2012 година заплови во музичкиот свет, со дебитантскиот сингл „Ќао - Здраво“, со кој направи план бум на естрадното небо.

Животот на Николија многу се промени од моментот кога стапна на јавната сцена, па така и начинот на размислување и стилот на облекување.

Весна своевремено на своите настапи носела скапоцени фустани и костими кои и денес се паметат и препраскажуваат, а некои од подобрите парчиња ги сочувала за својата ќерка.

Весна гостуваше во емисијата на српскиот водител Огњен Амиџиќ, а во рамките на емисијата беа прикажани настапите на Весна од минатото, како и настапите на кои Николија ја носи облеката на мајка ѝ.

Пејачката откри дека постојат многу парчиња облека кои ги сочувала во својот плакар и кои сега ги носи нејзината ќерка.

„Има уште работи кои ги носела таа и кои ги чува за Реа“ - кажа Весна во емисијата.

фото: Принтскрин / Јутјуб / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: