Норт објави содржини на кои ТикТок стави предупредување: Видеата ги прогласија за вознемирувачки (ВИДЕО)

Норт објави содржини на кои ТикТок стави предупредување: Видеата ги прогласија за вознемирувачки (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Норт со крваво лице изгледа како да избегала од некој хорор филм...

Норт Вест, ќерката планетарно популарната Ким Кардашијан, со задоволство објавува детали од својот живот на ТикТок.

Она што моментално најмногу ја интересира оваа 9-годишна девојка се негата на кожата и шминкањето. Нејзините „makeup“ трансформации се неверојатни, толку што и возрасните ѝ завидуваат на вештините кои ги има.

Но, нејзините последни „makeup“ трансформации се толку уверливи што ТикТок на видеото ѝ стави предупредување за чувствителна содржина, за сите оние гледачи кои би можеле да го сметаат оваа видео за вознемирувачко.

@kimandnorth

original sound -

Имено, Норт се нашмикала како да се подготвува за Ноќта на вештерките или како да ќе биде дел од актерската постава во некој хорор филм.

Обожавателите претпоставуваат дека нанела течен латекс, односно материјал кој професионалните „makeup“ артисти го користат на филмските сетови за да создадат исеченици, изгореници, оштетена или крвава кожа. Со комбинацијата од пудра и црвена боја доби зомби изглед.

@kimandnorth

original sound -

Инаку, ТикТок профилот на кој Норт Вест ги објавува своите видеа, е под контрола на нејзината мајка Ким. Од самото корисничко име @kimandnorth, може да се заклучи тоа. На профилот стои назнака дека со него управува возрасна личност. Значи, пред Норт да посака да објави нешто, сето тоа мама Ким мора прво да го провери и одобри.

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: