Нов и подобар начин како да јадеш чоколадо: Чоколаден десерт за кој сите полудеа овие денови (ВИДЕО)
Имаш ли чоколадо кое веќе подолго време ти стои?
Некогаш наједноставните работи се оние кои се најдобри. Ниту еден „фенси“ десерт не може да се мери со овој супер едноставен, убав и фин. Луѓето почнаа да ги јадат чоколадите на малку поинаков начин.
Љубители на чоколадо, овој тренд е како создаден за вас! Во последно време не можеме да го отвориме ТикТокот без да видиме дека некој го прави овој десерт. Всушност станува збор за надоградување на обичната чоколада. Звучи чудно, но когаш ќе го видиш видеото, сѐ ќе ти стане јасно. Идејата е кул, а крајниот резултат изгледа многу убаво. Станува збор за тоа што луѓето собираат чоколади, кој колку има - и потоа ги растопуваат. Идеално е кога имаш чоколади во различни бои.
Се редат во тепсија една до друга, и така се растопуваат, а подоцна со стапче може да ги измешаш и да си направиш дизајн по твој вкус. Но, тука не е крајот. Соберите сите останати грицки кои ги имаш дома, од солени како переци до благи како орео, и нареди ги врз растопените чоколади.
@mathilderavnc Having a chocolate date night this Sunday decorating it with Easter candy #sunday #sundayvibes #weekendvibes #dateideas #chocolatedate #eastercandy #easterchocolate #aestheticvideos #newapartment #homedatenight #romanticzinglife #copenhagenapartment original sound - logan
На крајот сето тоа стави го во ладилникот да се стегне и имаш ново чоколади! Освен што сето тоа изгледа убаво, исто така е и многу вкусно. Некои ова го прават за своето момче, некои за дружењето со пријателите, а можеш да го направиш и за ноќите во кои имаш дружба со самата себе.
@secretnienke #datenight #fyp #viral #fy #foryoupage #viraalgaanisookgaan original sound - logan
Интересно е тоа што секој може да си го направи ова на свој начин и по свој вкус, а резултатот секогаш е одличен. Луѓето навистина се трудат со украсувањето и на растопеното чоколадо ставаат најразлични нешта.
@numbersixtysix i love love love making this for holidays! #chocolatebark #easter #satisfying #aesthetic #asmr #foryou Until I Found You (Sped Up) - Heaven When I Held You Again How Could We Ever Just Be Friends - Hiko
фото: Принтскрин / ТикТок