Нов тренд на Инстаграм: Се фотошопира уште еден дел на телото и изгледа пречудно

Нов тренд на Инстаграм: Се фотошопира уште еден дел на телото и изгледа пречудно

Објавена во: Мода // Moj стил

Популарноста на апликациите за средување на фотографиите расте и нема некој кој барем малку не ги уредил фотографиите пред да ги објави на социјалните мрежи. Средување на лицето, средување на косата, намалување на половината... тоа се работите на кои сме навикнати дека се уредени на фотографиите, но сега се појави уште една несовршеност која сите ја имаат, а им пречи на девојките на Инстаграм.

Корисниците на Инстаграм пронајдоа уште една маана на телото која се повеќе ја „средуваат“ со апликациите за уредување на фотографиите - прстите. Кога се враќаш од маникир и си презадоволна со изгледот на своите нокти и сакаш веднаш да споделиш фотографија на Инстаграм, но што е со оние „грди“ грутки на кожата околу зголобовите на прстите?  Тоа можеш да го средиш во апликацијата за едитирање! Експертот за Инстаграм, Сара Таскер забележала дека овој тренд е многу присутен на фотките и дека девојките се повеќе ги „пеглаат“ прстите. 

Така уредените фотографии воопшто не изгледаат природно, прстите изгледаат анормано, но по критериумите на сопствениците на фотографиите тоа е „совршено“. Но, зошто луѓето се срамат од ова, на никој не му е јасно?

Од познатите личности, Клои Кардашијан веќе некое време ги средува своите нокти, но и сите нејзини сестри.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: