Нов тренд на ТикТок: Девојките покажуваат колку им се променил изгледот по влегувањето во врска (ВИДЕО)

Нов тренд на ТикТок: Девојките покажуваат колку им се променил изгледот по влегувањето во врска (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Овој тренд се вика „boyfriends effect“...

Ќе се промениш кога ќе влезеш во врска, тоа е сигурно, но некои дури сега сфаќаат колку им се променил изгледот откако учествувале во овој тренд. Кога ќе ги видиш трансформациите на девојките, ќе се поистоветиш и ти.

На ТикТок се шири еден нов тренд под назив „boyfriend effect“. Девојките покажуваат како изгледале пред да влезат во врска и како изгледаат сега кога веќе некое време се во врска. Не се знае кој го почна овој тренд и од каде почна, но сите почнаа брзо да се приклучуваат и моментално има еден куп видео на ТикТок под овој хаштаг. Врската секако може ги менува луѓето, но многумина дури сега сфаќаат колку.

Кога уште не си во врска или кога почнуваш да се допишуваш и гледаш со некој, секогаш се трудиш да изгледаш добро. Со оглед на тоа дека тогаш си слободна и некој ти се допаѓа, сакаш помеѓу останатото, да го импресионираш и со изгледот. Така и сите овие девојки - на фотографиите од порано изгледаат средено од глава до петици, а потоа ставаат фотографија од тоа како изгледаат сега кога се во врска.

@honeybeewaxx #greenscreen dont even do my makeup much anymore #makeup #fyp I Just Died (Album Version) - Amerie

@urm0msasscrack

THE BF EFFECT IS REAL BRUH I HAVENT LOOKED CUTE SINCE NEW YEARS

I Just Died (Album Version) - Amerie

Помалку или воопшто немаат шминка, повеќе се во „кежуал“ облека... излегува дека девојките помалку се трудат околу изгледот кога ќе влезат во врска, а особено ако се во некоја подолга врска. Ова можеби можеш да го забележиш и на себе ако моментално си во врска веќе некое време. Што подлго си во врска, толку повеќе ќе се види разликата.

@chelseymanansala the bf effect in full effect i'm not mad tho #viral #boyfriend #boyfriendeffect #relationship #relationships #relationshipeffect #transformation #differentme I Just Died (Album Version) - Amerie

Всушност си правиме лошо со тоа и не би требало да се запуштиме и да престанеме да се трудиме околу изгледот само затоа што сме во врска. Некогаш тоа што ќе се средиш ќе ти помогне да се чувствуваш подобро, позгодно и посамоуверено. Имаме впечаток дека кога сме во врска и кога во неа се чувствуваме сигурно, дека повеќе не мораме да се трудиме околу изгледот, бидејќи сме го освоиле момчето. Поголемиот дел од нас не се ни свесни за тоа колку изгледот ни се променил, а овој тренд би можел на многу девојки да им ги отвори очите.

@explosionmurder.boy

the bf effect is crazy

I Just Died (Album Version) - Amerie

@phaithmontoya

The bf effect is crazy 

I Just Died (Album Version) - Amerie

Некои велат дека такво нешто нема повеќе нема да си дозвола, а други поради ова се среќни што не се во врска. Во секој случај, овој тренд може да ти помогне и да те освети колку си се променила откако си во врска и можеби да те поттикне да се вратиш на „старата себе“ и повторно да почнеш да се трудиш околу својот изглед. Не за момчето или за некој друг, туку за себе.

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: