Нова фризура, нова ти: Покажа колку фризурата влијае на нашиот целокупен изглед и како не менува (ВИДЕО)

Нова фризура, нова ти: Покажа колку фризурата влијае на нашиот целокупен изглед и како не менува (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Фризурата може да ти помогне да изгледаш подобро...

Не е баш исто дали ја носиш косата пуштена или во пунџа со неколку извлечени прамени кои ти го врамуваат лицето. Вистинската фризура за твојот облик на лице може да помогне да изгледаш уште подобро, само треба да пронајдеш која е твојата.

Косата има голема моќ. Ако си опседната со својата коса и фризура, тогаш сигурно имаш забележано колку еден детаљ на твојот изглед може да направи промена на целокупниот впечаток. За да докаже дека фризурата е всушност важно, една девојка сними видео во кое покажа како изгледа со 7 различни фризури.

Сѐ останато било исто - шминката, облеката, позата, изразот на лице - единствената промена била во тоа како ѝ е стилизирана косата и со секоја фризура можеш да видиш колку поинаку изгледа. Ги направила сите популарни и најчести фризури, од пуштена коса, зад уво, до фен фризура која дава волумен и секако пунџа.

@isseypovs

It changes everything

original sound -

Ако досега не си верувала дека фризурата е важна и дека постои вистинска фризура, ова би можело да те увери. Некои корисници на ТикТок во коментар пишуваат дека со секоја фризура на површина излегува и поинаква особина, дека делува како друга личност. Иако не е толкава разликата за да помислиш дека е друга личност, но сепак во некоја рака е поинаква. И самата сопственичка на видеото во описот напишала дека фризурата менува сѐ. Оние кои не веруваат во моќта на фризурата, можеби по ова ќе се уверат, а сега може и да ги разберат оние кои лудуваат кога нема да им испадне фризурата како што сакаат, бидејќи ова е доказ колку таа е важна.

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: