Новак му дозволи да го држи трофејот, а сега се појави неодоливо видео: За кого навиваше принцот Џорџ на финалето на Вимблдон?
Синот на војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Џорџ вчера за првпат во живо го гледаше финалето на Вимблдон, а по натпреварот доживеа нешто што засекогаш ќе го памети...
Новак Ѓоковиќ вчера во Лондон го освои Вимблдон по седми пат, а трофејот сега веќе традиционално му го врачи Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ и сопруга на принцот Вилијам, која е покровителка на најстариот тениски турнир на светот.
Како и секоја година, откако победикот одржа говор, се фотографираше и се поздрави со публиката од балконот, следуваше и разговор со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Оваа година, на нив двајца им се придружи и најстариот син, принцот Џорџ, кој инаку е трет во редот за престолот.
Џорџ изгледаше многу возбудено и напнато за време на натпреварот, а по финалето имаше можност и да позборува со Ѓоковиќ, кој му направи неверојатна чест - му дозволи да го држи неговиот трофеј.
Following his #Wimbledonfinal win, Novak Djokovic meets Prince George and lets him hold the trophy! pic.twitter.com/lVlTP4ubV6
— Belle (@RoyallyBelle_) July 10, 2022
Инаку, во прашање е признание кое тежи 3,5 килограми, а малиот принц и идниот крал на Велика Британија призна дека му било лесно да го држи трофејот, по што доби помош од мама Кејт.
Сега, се појави видео на кое пред почетокот на натпреварот за време на лежерниот разговор со официрите на Вимблдон, Џорџ добил прашање за кој ќе навива.
„За Ѓоковиќ“ - им одговорил малиот принц.
The Duke and Duchess of Cambridge and Prince George have arrived at #Wimbledon for the Men's Singles Final between Novak Djokovic and Nick Kyrgios. pic.twitter.com/lzdGvhWPvv
— The Duke and Duchess of Cambridge Court (@ddofccourt) July 10, 2022
Со оглед на тоа што Австралија, чиј претставник му беше ривал на Новак во финалето, Ник Киргиос, е една од земјите на Комонвелтот, се очекуваше малиот принц да навива за него, но изгледа дека Ѓоковиќ има многу важен голем обожавател.
фото: Принтскрин / Твитер