Новиот хорор толку ги плаши луѓето што ги затвараат очите додека го гледаат: Дали навистина е толку страшен? (ВИДЕО)

Новиот хорор толку ги плаши луѓето што ги затвараат очите додека го гледаат: Дали навистина е толку страшен? (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Филм

Гледањето филмови го претворија во предизвик!

Нема пострашен хорор од оној во кој пишува дека е направен по вистински настани. Тие неколку зборови влеваат повеќе страв во коски од сите страшни сцени. Овој е базиран на вистинска прикажзна, а додека на некои им е многу страшен, на други пак им е здодевен.

Ти недостасуваат малку предизвици во животот? Имаме еден! Иако станува збор за предизвик на ТикТок, не е страшен, нема да те доведе во опасност и не мораш да имаш ТикТок за да учествуваш во него. Вклучува гледање на новиот хорор филм кој наводно е прилично страшен. Иако трае еден час и 50 минути, тоа е доволно за да ти го поремети сонот за следните неколку дена, ако не и малку повеќе.

Станува збор за тајвански хорор, но не дозволувајте тоа да ве одврати, дајте му шанса. Постои вирален предизвик за сите, а тој гласи да го изгледате филмот „Incantation“ без да:

# премотувате одредени сцени;

# вриснете;

# да го тргнете погледот од екранот или да ги затворите очите.

@notjustbored1214

1hr 16min 22sec was the hardest part for me to watch

original sound - Notjustbored

А, за што станува збор, па е толку страшно? На Ли Ронан пред 6 години ѝ била фрлена клетва, бидејќи открила религиска тајна која е табу. Сега мора да ја заштити својата ќерка поради последиците на таа нејзина тогашна одлука. Во прилог на филмот оди и фактот што е снимен во стил на документарец или филм составен од пронајдени видеа, како што се „Blair Witch Project“ или „REC“, но и дека е базиран на вистинска приказна.


Инспириран е од семеен култ во Тајван. Филмот стана хит од моментот кога се појави на Нетфликс, а сега е на добар пат да собори рекорди на гледаност. Сите го гледаат благодарение на овој вирален предизвик на ТикТок. Се вели дека особено тежол за гледање е делот на 1 час, 16 минути и 22 секунди.

фото: Imdb / Принтскрин


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: