Новогодишен хороскоп: Како ќе ја дочекате 2019 година?
Овен
Ќе сакате да ја дочекате новата година со соучениците за да ја почувствувате нивната енергија. Ова може ќе ви се оствари, но потребно е да најдете средина помеѓу училиштето и приватноста.
Бик
Имате многу идеи за дочекот на Нова Година. Ќе се одлучите за традиционална прослава, а музиката ќе биде во склад со желбите на гостите. Додека на трпезата ќе има оригинални специјалитети.
Близнаци
Во последен миг ќе одлучите каде и со кого ќе ја дочекате новата година, но, тоа не ви е прв пат. Личноста која пред извесен период влезе во вашиот живот ќе посака да ја поминете оваа ноќ со неа. Внимавајте на однесувањето, бидете природни.
Рак
Раковите ќе го прифатат тоа што партнерот ќе го каже, па така, дочекот ќе им биде организиран од партнерот. Слободните ракови ќе добијат интересна покана.
Лав
Толку сте окупирани со училиштето што нема ни да почувствувате дека дошла Нова година. Но, како и секоја година и оваа ќе ја дочекате со старо друштво во добро расположение.
Девица
Вие ретко ја губите главата за љубов ,но за дочекот ќе се заљубите или пак ќе ги обновите страстите со симпатијата. Многу страст и желба да бидете со саканата личност.
Вага
За дочекот ќе се чувствувате одлично во вашиот круг на пријатели. На полноќ ќе посакате поубав живот, но, не треба само да посаката треба нешто и да направите за тоа.
Скорпија
Ќе бидете многу енергични и одлично ќе го организирате дочекот на новата година. Ќе бидете со избрано друштво.
Стрелец
Ќе потрошите многу пари, на облека, на храна … Но, внимавајте малку со трошењето. Не се изнендаувајте ако добиете вреден подарок од некого од кој што не сте очекувале.
Јарец
Вие оваа ноќ ќе бидете домаќин и ќе имате многу гости. Дури и ако не сте во вашата куќа вие ќе ги држите работите во свои раце.
Водолија
Вие сте личност која живее за иднината и во иднината. Но, на најлудата ноќ се ќе ве потсетува на минатото. Избегнувајте места кои ве потсетуваат на поранешната симпатија. Направете го она што никогаш не сте го направиле, јасно кажете и на личноста која ви се допаѓа дека сакате да бидете заедно.
Риби
Ќе не знаете што да посаката и на кого да му честитате. Во вас ќе има љубов за целиот свет… Поделете ја својата радост со сите.