Објавен е датумот на доделувањето на MTV наградите: Сите ќе се придржуваат до мерките за заштита

Објавен е датумот на доделувањето на MTV наградите: Сите ќе се придржуваат до мерките за заштита

Објавена во: Stars // Музика

Доделувањето на музичките награди MTV ќе се одржи во Њујорк на крајот на август, потврдија од MTV и градоначалникот на Њујорк, Ендрју Куомо и тоа ќе биде прв голем настан од почетокот на пандемијата на коронавирус, кој ќе се одржи физички, а не виртуелно.

MTV и Куомо кажа дека на доделувањето на наградите на 30 август во Барклис Центарот во Бруклин сите ќе се придржуваат до епидемиолошките упатства и дека ќе биде „ограничен капацитетот и дека нема да има публика“.

MTV наведува дека дел од настапите ќе се одржат кај некои знаменитости во Њујорк и дека ќе се почитува физичкото растојание, како и ограничувањето на капацитетот во таа затворена арена која има 19.000 места.

Засега не е познато колку изведувачи ќе настапат во живот. Њујорк е американскиот град кој претрпе најмногу жртви од коронавирусот.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: