Облека која треба да ја избегнувате: Додава килограми и ја истакнува дебелината
Сите сте слушнале дека вертикалните линии издолжуваат, додека хоризонталните прават визуелно да изгледаме пошироки.
Со некои модели и дезени лесно може да се постигне потполно спротивен ефект од посакуваниот, па иако немате проблеми со килограмите може да изгледате крупно.
Доколку водите битка со килограмите, оваа облека и аксесоари никако не смеете да ги носите.
# Тесни маички
Тесните маички и блузи од еластичен материјал само ќе ги истагнат наслагите на вашиот стомак и грб. Уште полош ефект ќе постигнете доколку ставите и некој поширок ремен. Избегнувајте ткаенини кои се „лепат“ за вашите облини, бидејќи изгледа дека изгледате подебело.
# Skinny фармерки
Иако веќе полека излегуваат од мода и местото го заземаат ѕвонарките, овој модел на фармерки не би требало да го носат буцкасти девојки. Тие се направени од растеглив тексас и често под задникот прават „засечоци“, односно „набори“, поради што ќе изгледате уште покрупни.
# Премногу широки блузи
Поглешно е да носите облека која е премногу широка. Доколку сметате со„оверсајз“ облеката ќе ја сокриете дебелината, се лажете. Ваквата облека ќе ве прави уште покрупни. Препорака е да најдете средина. Облека која ќе ја следи линијата на телото, но нема да „лепи“ за него.
# Големи принтови
По правило ткаенините со крупни принтови визуелно додаваат килограми. Доколку станува збор за цветни дезени, бирајте ги оние со поситни цветови, а истото важи и за геометриските облици, туфни и слично.
# „Пердувести“ јакни
Ваквите јакни се во тренд последниве сезони би требало да бидат избегнувани од крупните девојки. Колку и да се топли, овој вид на облека прави да изгледате уште покрупни. Подобро е да носите убаво скроен капут кој ќе ја издолжи вашата фигура. Пердувестите јакни не се препорачуваат ниту на ниските личности.
# Светли чипки
Светлата облека не се препорачува на буцкастите девојки, освен доколку не станува збор за цврсти ткаенини и строго кроени модели. За разлика од црната чипка која визурлно стеснува, облеката со детали од бела чипка на критичните делови - градите и колкови, додава некој килограм.