Обожавателите на „After“ не беа подготвени за ова: Главниот актер подели тајна која морал долго да ја чува

Обожавателите на „After“ не беа подготвени за ова: Главниот актер подели тајна која морал долго да ја чува

Објавена во: Stars // Филм

Оваа вест ќе те израдува...

Во кината ќе започне да се прикажува „After Ever Happy“, последното продолжение од овој филмски серијал. Сите едвај чекаат да видат како ќе се заврши оваа приказна. Токму сега кога филмот премиерно ќе почне да се прикажува, Хиро Фајнс Тифин откри една голема тајна.

Секој голем обожавател на „After“ сега ќе остане без зборови. Сите знаеме дека ова лето е најавено пристигнување на последното продолжение и дека конечно ќе видиме како ќе се заврши приказната помеѓу Хардин и Тес. Но, сега, пред премиерното прикажување на филмот, Хиро Фајнс Тифин, кој го глуми ликот на Харди, им фрли голема бомба на обожавателите.

Оваа информација морал да долго да ја чува во тајност, но сега може да ја открие. Овие денови всушност завршиле со снимањето на петтото продолжение од серијалот „After“.

Да, додека во кино го гледаш новот, следното веќе е подготвено. Иако и не требало да го има. Токму поради тоа оваа информација ги изненади сите, бидејќи очекуваше дека четвртото продолжение ќе биде последно и дека тука е крајот. Се зборуваше за некои дополнителни приказни кои би се родили, но никој не мислеше дека ќе има уште едно продолжение. „After Everything“ е официјално снимен.


Иако смеел да открие и како се вика, тоа е тоа, нема никакви други информации за јавноста. Она што засега прилично сигурно се знае е дека двата главни лика се во него, бидејќи се означени во објавата. Разликата помѓеу ова ново петто продолжение и сите досегашни е тоа што овие досега беа правени според книги, но книгите со четвртото завршуваат, што значи дека ова проследно продолжение кое доаѓа може да биде и големо промашување или апсолутно совршен крај на приказната. Кога ќе излезе, уште не се знае, но се претпоставува дека тоа ќе биде следната година.

фото: Принтскрин / Imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: