Обожавателите се шокирани: Даниел Редклиф и Ема Вотсон ги открија тајните симпатии од снимањата на Хари Потер

Обожавателите се шокирани: Даниел Редклиф и Ема Вотсон ги открија тајните симпатии од снимањата на Хари Потер

Објавена во: Stars // Филм

Им се допаѓале актерите кои глумеле со нив, а никој не го знаел тоа!

Ѕвездите на франшизата Хари Потер се обединија по повод 20 годишнината од објавувањето на првиот филм за малиот волшебник и открија некои прилично интересни пикантерии. И двајцата главни актери имале тајни симпатии на снимањата, а открија и кои биле.

Со години сите заедно снимале филмови, а во првото продолжение на Хари Потер поголемиот дел од актерите имале околу 12-13 години. Секако дека се случило некој потајно да им се допаѓа. Сега, 20 години подоцна, актерите открија кој им биле тајни симпатии на снимањата и обожавателите се навистина изненадени од овие сознанија.

Ема Вотсон и Даниел Редклиф во новото видео „зад сцената“ раскажаа кој им се допаѓал. Особено ќе ве изненади одговорот на Даниел, бидејќи не му се допаѓал некој за кој сте очекувале. Имено, тој бил заљубен во Хелена Бонхам Картер, која ја глумеше Белатрикс Лестренџ, пишува „The Sun“.

Дури ѝ напишал и љубовно писмо! Во оваа прилика го прочита и само ќе кажеме дека е преслатко. „Драга ХБК, беше задоволство да се глуми со тебе и да се биде твој „подметувач за кафе“, бидејќи секогаш некако бев тој кој го држеше твоето кафе. Те сакам и би сакал да се имав родено 10 години порано за да би имаш шанса со тебе“.

Освен Даниел, и Ема Вотсон откри дека имала тајна симпатија, а тоа бил Том Фелтон, кој го глумеше Малфој. Призна дека секогаш со нетрпение гледала дали и тој е на сетот, а кога бил, тоа секогаш ѝ бил посебен ден. Никогаш не му го открила тоа и никогаш не се случило ништо помеѓу нив.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: