Обрнете внимание: Што кажува бојата на менструацијата за вашето здравје?
Телото ви испраќа сосема поинаква порака доколку бојата на вашата меструација е темноцрвена или бледа.
Голема е веројатноста дека во некој период од животот сте изјавиле дека менструацијата е нешто најлошо што може да ви се случи. До некаде, навистина сте биле во право. Нема ништо полошо од грчевите, непријатните тегобии, обилните крварења или лежењето во кревет по цел ден. Дефинитивно тоа се денови со најголеми непријатности за време на месецот, но и одличен показател за вашето здравје. Ова се главните симптоми и промени на бои кои треба да ги следите за време на менструацијата и никако не смеете да ги игнорирате.
# Бојата на крвта за време на менструацијата е светло црвена.
Светло црвената боја на крвта не е никаков знак за бука. Светлата боја често значи дека едноставно сте на почетокот на циклусот и е многу вообичаена. Крвта е свежа. Меѓутоа, доколку бојата е светло розева, а не користите контрацептивни таблети, може да биде во прашање знак за хормонална неурамнотеженост па се советува посета на ендокринолог за да се утврди причината.
# Темно црвена боја.
Темно црвената боја е сосем нормална, особено во средината на менструалниот циклус. Доколку бојата не бледее, а вие крварите подолго од вообичаено, обратете се на вашиот гинеколог, бидејќи можеби во прашање е присуство на тумор или ран знак за спонтан абортус.
# Бојата на крвта на крајот на циклусот преминува во кафена или црна.
Кафената или црна боја на крвта е во основа само стара, односно заостаната крв која од некоја причина се задржала подолго во матката и не истекла. Ова во принцип е нормална појава, но доколку покрај неа забележите и жолтеникава боја, може да биде еден од знаците за инфекции.
# Крварењето е точкесто.
Доколку на влошката забележите траги од крв, а не е време за менструација, ве советуваме да го побарате вашиот гинеколог, бидејќи ваквата појава може да биде знак на хормонално пореметување, циста на матката или рана бременост.
# Крварењето е обилно.
Кај поголемиот број жени, обилното крварење е честа појава барем еден ден за време на менструалниот циклус. Тоа е најчесто вториот или третиот ден и е сосем нормално. Само во случај на обилно крварење кое трае за време на целиот циклус обратете се кај вашиот гинеколог.
# Циклусот е неправилен.
Секако, како и кај поголемиот број работи поврзани со менструалниот циклус, нерегуларниот може да биде нормална појава поради различни фактори, но и знак за грижа. Кога сте под стрес, вашиот менструален циклус може да доцни или во потполност да прескокне еден месец. Друга причина може да биде и синдромот полицистични јајници, како и благо хормонско пореметување, кое предизвикува и зголем раст на влакната, како и на телесната тежина. И како последно, во случај да сте професионален спортист, можете да имате многу лесен циклус, бидејќи телото не произведува доволна количина на хормони.
Секако разговарајте и со својот гинеколог кој ќе ја открие вистинската причина за промената на бојата на крвта и ќе ги направи неопходните анализи.