Од 3 години учествува на натпреварувања за убавина: Без шминка нема да ја препознаете, изгледа сосема поинаку (ФОТО)
Детските натпреварувања за убавина се многу популарни во Америка, а во нив ужива дури и мала Кинли, која учествува во нив од својата трета година...
Малата Кинли Хејман е гимастичарка, актерка, модел и натпреварувачка на натпреварувањата за убавина. Барем, така нејзината мајка ја има опишано на Инстаграм. Таа има само 6 години. Од својата трета година оди на натпреварувања и исто толку се занимава со гимнастика и настапи.
Меѓутоа, нејзиниот профил е полн со фотографии на кои таа има премногу шминка на себе. Овие натпреварувања се многу популарни во САД, а во исто време и контроверзни.
Девојчињата изгледаат како возрасни, носат фустани и нивните лица воопшто не личат на природни. Ова се случува и со Кинли. Кога нејзината мајка ќе објави некоја фотка од неа без шминка, изгледа сосема поинаку. Меѓутоа, таа дефинитивно е убава и без неа и воопшто не ѝ е потребна. Многу луѓе ја критикуваат и осудуваат поради тоа.
Како што пишува порталот newsbeezer.com, заради овие работи алармираат дури и експертите. Позирањето и шминкањето на толку мала возраст може да доведе до многу проблеми. Децата подоцна може да имаат психички проблеми, депресија или пореметување во исхраната, само за да бидат убави и совршени.
фото: Принтскрин / Инстаграм