Од изолација до креација: Учениците од ООУ „Ванчо Прке“ - Штип го одбележаа патрониот празник до дома
Учениците до крајот на година ќе останат дома и ќе ја следат онлајн наставата, а со тоа сите активности поврзани со училиштето запреа. Освен матурските прослави, се откажаа и патроните празници на училиштата, кои требаше да се одбележат за време на овие месеци.
Но, сево ова не ги спречи учениците од ООУ „Ванчо Прке“ од Штип да го одбележат овој ден. Имено, тие под раководство на нивните наставнички по Македонски јазик: Маја Крстевска - Коларова, Загорка Донска и Бети Огнанова направија преемотивно видео. Истото го насловија „Ден на училиштето наречено ЖИВОТ“, а во него учениците се снимаа од своите домови од каде што пренесуваа пораки за животот.
„За Денот на училиштето, 21 мај, подготвивме точка од дома која во нормални услови не би изгледала вака. Од изолација до креација!“ - напишаа покрај видеото кое го објавија на социјалните мрежи.