Од политички науки и вљубеник во музиката до инспиративен поет: Што прави денес синот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов?
Иван Иванов е син единец на поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов и Маја, а студираше на Правниот факултет на државниот универзитет, отсек политички науки.
Тој е познат како голем љубител на добрата рок музика. Освен што свири гитара, пред неколку години се појави и во улогата на диџеј, заедно со Васко Тодоров (Тошо Малерот од К-15) во Галерија 8, каде имаше неколкучасовен сет со најголемите рок хитови.
Љубовта кон музиката во неговото семејство била секогаш присутна и можеби пресудна и тој да стане голем љубител на истата.
Исто така, во изминатите години тој беше редовен на сите поголеми рок концерти и значајни музички настани во земјава и често се фотографираше со големите музички ѕвезди кои имаа настапи.
Пред неколку години имаше бушава коса, но сега изгледа како вистински мачомен.Висок, убаво облечен, и сега оди на концерти и често ужива во убавините на Македонија. Преферира да носи шешир кој убаво му стои и го дефинира неговиот имиџ.Неодамна, тој откри дека освен љубовта кон музика, ја негува и љубовта кон пишаниот збор. Имено, тој пред неколку дена ја промовираше својата збирка поезија „Невино време“ и со помош на стиховите откри една нова и досега непозната за јавноста страна од себе и својата личност.