Од приказната на Лука ќе ве полазат морници: „Мамо, умрев во пожар во 1993 година“, рече тој на двегодишна возраст и сѐ уште без грешка го „прераскажува“ својот „минат живот“
фото: Youtube/Printscreen
Постојано ѝ раскажувал на својата преплашена мајка за својот минат живот и дека тогаш бил женско и се викал Пем
Петгодишното момче Лук Релман постојано ѝ кажувал на мајка си како имал минат живот и дека тогаш бил девојче и се викал Пем. Имал само две години кога почнал да ѝ ги раскажува овие приказни на својата преплашена мајка:
„Тој ќе речеше: „Кога бев мало девојче имав црна коса“ или ќе речеше: „Имав такви обетки кога бев мало девојче“, изјави мајката на Лук, Ерика за американската телевизија „Фокс“.
„Постојано спомнуваше една жена по име Пем, а ние немавме Пем во семејството или во соседството. Потоа еднаш го прашав: „Која е Пем?“ Потоа се сврте кон мене и ми рече: „Па, тоа бев јас!"
„Како мислиш беше ти?
„Па, јас бев Пем, но потоа умрев и отидов во рајот и го видов Бог и на крајот Бог ме турна назад. Кога се разбудив бев бебе и ти ме викаше Лук“.
Момчето подоцна ѝ раскажало на мајка си како загинало во пожар во Чикаго. Интересно е што никогаш порано не го однеле детето во Чикаго. Неговата мајка почнала да истражува на Интернет и пронашла статија за пожарот во Чикаго и жената по име Памела Робинсон која починала скокајќи од прозорец обидувајќи се да избега од пожарот во 1993-та година.
Тогаш Ерика решава да го тестира Лук и пред него става слики од неколку жени со темна кожа, меѓу кои и слика на жртвата Пем. Била зачудена кога детето непогрешливо покажало на сликата на жената.
Тој рече: „Не ги познавам тие други жени, но се сеќавам кога е направена оваа фотографија“, а потоа покажа на фотографијата.
Семејството на починатата Пем се согласи да комуницира со Ерик и Лук, но никогаш не сакаа јавно да зборуваат за тоа.
Извор: www.alo.rs