Од стара венчаница од „second hand“ продавница до фустан за матура од бајките: 17-годишна девојка ги воодушеви сите (ВИДЕО)
Имала идеја и ја реализирала на генијален начин...
Фустан за матура може да се пронајде на необични места. Како „second hand“ продавница! Можеби не е првото место кое би го посетила кога ќе се пуштиш во потрага по фустан за овој настан, но со малку волја и имагинација, отфрлениот фустан може да го претвориш во фустан за принцеза.
Некогаш е потребно малку труд за некое старо, отфрлено парче облека да се претвори во нешто ново и убаво. Меган Џонсон стана вирална на ТикТок откако на светот му покажа каде го пронашла својот фустан за матура и како го обновила. Оваа 17-годишна девојка, својот фустан за матура го пронашла во „second hand“ продавница и кога го купила, тој всушност бил венчаница.
Во „second hand“ продавниците може да се пронајдат многу работи. Кој нема голем буџет за матура или само сака нешто единствено, само треба малку да ги вклучи имагинацијата и волјата, но и малку да се потруди. Така Меган, отфрлената венчаница ја претворила во фустан, каков што без проблем би носела и некоја принцеза на Дизни.
@therealmeganjohnson i love @ritdye #ritdye #prom #senioryear #senior #highschool #seniorprom #promdress ##weddingdresses #thrifted #timbercreekhighschool #thriftflip #alterations #wedding #pink #prinkdress #princess #princessdress #dyeing #fyp #foryou #foryoupage #viral #viralvideo #blowthisup #classof2023 #thanksmom #wlw #iloveyou #makemefamous #makemeviral Falling Leaves - Glenn Miller & His Orchestra
Морала само малку да го прешие фустанот, со цел да ѝ стои совршено, а ако некој не може да го направи сам, тогаш може да го однесе на шнајдер, кој не зима многу пари за ситните корекции. Освен некои поправки за подобро да ѝ прилега, исто така купила и боја за ткаенина и ја исфарбала венчаницата во розова боја. Целиот процес го снимила, а крајниот резултат по кажала откако го облекла фустанот на себе.
@therealmeganjohnson Replying to @httpshy2 thanks for recording me mom!! @ritdye #pt2 #prom #ritdye #senioryear #highschool #senior #promdress #weddingdresses #thrifted #timbercreekhighschool #thriftflip #alterations #wedding #pink #princessdress #dyeing #foryou #fyp #makemefamous #makemeviral #fashiontiktok #fashion #loveshackfancy #vivviennewestwood #corset #cellingslizzymcalpine ceilings - Sped Up Version - Lizzy McAlpine
Кој би кажал дека овој фустан некогаш бил венчаница од „second hand“ продавница?!
фото: Принтскрин / ТикТок