Одберете маникир по примерот на Лина Пејовска: Пејачката на интересен начин одбра како да ги направи ноктите (ФОТО)
И младата пејачка ги следи трендовите...
Во последно време постојано ни пристигнуваат нови трендови кои владеат на социјалните мрежи. Еден од нив е оној во кој момчињата на ливчиња пишуваат што да прават со нивната девојка, која на слепо одбира едно ливче и дознава што ќе прават.
Кон овој тренд, само во еден поинаков контекст се приклучи и младата пејачката Лина Пејовска. Имено, таа со помош на овој трендо одбра какви нокти ќе прави.
Додека беше во козметичкиот салон, таа на слепо ја одбра должината на ноктите, обликот, дезенот, но и бојата. Одличната забава заврши уште поубаво, бидејќи пејачката покажа и дека е презадоволна од целиот резултат.
„Еве како настанаа овие слатки најслатки нокти“ - напиша Лина на видеото, кое го сподели на стори на својот Инстаграм профил.
фото: Принтскрин / Инстаграм