Одбран е најубавиот фустан на црвениот килим за 2018
И во првите денови од новата година сѐ уште се прават ретроспективи во модната индустрија. Во 2018 година видовме неверојатно убави и комплексни дизајни на црвениот килим, но еден гламурозен фустан и официјално е одбран за најубав на „модните оскари“ во Лондон.
Креацијата која ќе влезе во историјата за најдобра во 2018 година е луксузниот бордо-златен фустан на Ателје Версаче во кој се појави холивудската актерка Блејк Лајвли на Мет Гала минатата година.
Мајсторите на модната куќа поминале повеќе од 600 часа на подготовката на моделот кој има рачно изработен вез и скапоцени камења.
„Од сите фустани кои досега сум ги носела на свечените настани, овој ми стана омилен“ - изјави славната актерка.