Оддадена посебна почест на тинејџерка која херојски спаси 7 животи во пожар!

Оддадена посебна почест на тинејџерка која херојски спаси 7 животи во пожар!

Објавена во: Совети // Семејство

На 13 годишната девојка од Њу Хемпшир и беше оддадена посебна почест откако и помогна на својата фамилија и другарка која останала на спиење кај неа, да побегнат од пожарот кој ја зафатил куќата. На Кајлин и беше врачена награда за „Секојдневни херои“ од страна на Американскиот Црвен крст и Корпорацијата Unitil на 17 април, пишува TheEagleTribune.

Кејлин заедно со сестра си и другарката спиеле во собата на нејзините родители, кога околу 5 часот наутро гласни звуци ја разбудиле Кејлни. „Звучеше како пукање. Се разбудив и видов дека нашата тераса гори“ - раскажува Кејлин.


Таа најпрво им помогнала на нејзината сестра и другарка да ја напуштат куќата, а потоа се вратила назад за да ги разбуди родители, кои се погрижиле за нејзиниот брат, а таа му помогнала на малиот братучед да биде на безбедно. Брзата реакција на Кејлин спасила 7 животи од потенцијалната трагедија.

Сето ова и го донесе признанието за „Секојдневен херој“. Огнените пламени не успеале да ја спречат оваа млада тинејџерка да им помогне на своите најблиски. Иако таа заслужува многу повеќе од ова признае за храброста која ја покажала во оваа ситуација. таа сепак е најсреќна поради тоа што нејзините најблиски се до неа.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: