Официјално е зафатена: Бела Хадид има ново момче и конечно откри кој ѝ го освои срцето

Официјално е зафатена: Бела Хадид има ново момче и конечно откри кој ѝ го освои срцето

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Долго време беше со The Weeknd и обожавателите цело време мислеа дека се повторно заедно, но сега сите сомнежи се отстранети...

Бела продолжи понатаму, а новото момче не е ниту пејач, ниту актер. Станува збор за личност за која веројатно никогаш немаш слушнато, но ја освои Бела и сега конечно го претстави на своите следбеници на Инстаграм.

Познатите ѕвезди на почетокот на врската сакаат да ги кријат своите избраници, бидејќи не сакаат да ги збунат сите доколку дојде до прекинување на врската пред да бидат заедно. Бела по разделбата со пејачот The Weeknd долго време молчеше за својот љубовен статус, а некои дури сметаа дека и понатаму се гледа со поранешното момче. Но, не е така. Вчера конечно откри дека е во среќна врска, но со некој нов. Тој е Марк Калман.

Стратешки, фотографијата на сокри на крајот од објавата, да не биде премногу воочливо. Но, за среќа, секогаш ги проверуваме нејзините објави до крај. Доколку и тебе името Марк Калм не ти значи ништо и ти е апсолутно непознато, еве неколку информации за него. Тој е уметнички директор, а досега соработувал и работел на логоа, визуелизации, корици на албум и многу други работи со познати имиња и познати брендови. Доколку и ти како нас, се пуштиш во потрага по неговиот профил на Инстаграм, ќе се разочараш, бидејќи профилот му е затворен и на него не може да се види ништо.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: