ОПАСЕН ПРЕДИЗВИК СЕ ШИРИ НА ИНТЕРНЕТ: Родители, внимавајте на децата
Колку што може да биде корисен, толку може да биде и штетен! Интернетот е меч со две острици ако не знаеме како правилно да го користиме.
На социјалната мрежа ТикТок, „SKULL-BREAKER“ е предизвик кој се шири со неверојана брзина.
Тоа доведе многу родители да се загрижени! И со право!
Постои голема опасност!
Според видеата кои се споделуваат на интернет, предизвикот бара три лица да застанат пред камера. Двајцата кои стојат од страните скокаат во исто време, а потоа им се приклучува и третиот човек кој е потребно при скок да биде удрен во нозете, за да ја загуби рамнотежата и да падне.
The #skullbreakerchallenge which is currently trending on #tiktok is fatal. Please pay attention to our kids. pic.twitter.com/SQi9RPpk6j
При ова паѓање најчесто се појавуваат повреди на главата, па оттука потекнува и името на предизвикот Skull-Breaker.
Многу деца, најчесто во тинејџерски години, после впуштањето во овој предизвик биле хоспитализирани, па паниката се шири на социјалните мрежи.
Warning : Skullbreaker Challenge is trending I urge you all to show your children and parents and teach them this is really dangerous. It can break skull and can cause some serious problem.#skullbreakerchallenge pic.twitter.com/OQQ8idnbfA
Една мајка на Фејсбук зборувала за последиците кои овој предизвик ги предизвикал кај нејзиниот син. Момчето при падот на грб и глава, ја загубило свеста.
Пренесено било во болница каде завршило на шиење, дијагностицирана му е повреда на главата и загубило два предни заба.
Потребно е со децата отворено да се зборува и да им се објасни да не наседнуваат на виралните предизвици кои можат да завршат трагично, советуваат експертите.
It’s called the #trippingjumpchallenge or the #skullbreakerchallenge. Call it what you may, it’s dangerous & potentially deadly & a SFL teen & her family are considering a lawsuit after she literally fell victim to this dangerous online “trend”.
— Liane Morejon WPLG (@LianeWPLG) February 12, 2020
MORE: https://t.co/ByjD2C6Rql pic.twitter.com/7nkflyqWQ8