Опасен тренд завладеа на Тик - Ток: Внимавајте, последиците се страшни
До каде се подготвени да одат тинејџерите во желбата за што погелем број следачи или лајкови на социјалните мрежи? Последниот „предизвик“ на мрежата „Тик Ток“ на која може да се аплодираат видеа, е целосно лудило.
Во што се состои предизвикот? На некој тинејџер му текнало да наполни пластична кеса со избелчувач за санитарна употреба и пена за бричење. Кесата се става на окото околу една минута со цел да се осветли бојата на очите.
Налудничавиот тренд почна годинава во април кога еден корисник на мрежата во живо пренесуваше како му се менува бојата на окото, што е сосема вон умот, бидејќи да се стави силна хемикалија како избелувач на окото води кон нагризување на кожата и ткивото на окото. Опасноста кесата да се продупчи е исто така голема, што може да доведе до фатални последици.
Но, ништо од ова не ги тревожи тинејџерите кои се натпреавруваа со повеќе од 30 видеа во оваа дисциплина, сосема занемарувајќи ги опасните последици.