Операцијата била неизбежна, но семејството било со неа: Еве како Анастасија Ражнатовиќ ги поминала најтешките денови (ФОТО)
Анастасија Ражнатовиќ била оперирана на 13 години...
Атрактивната наследничка на Светлана Цеца Ражнатовиќ и поп ѕвезда во подем не крие дека била незадоволна од својот изглед. Додека голем број пејачки на естрадата ги кријат своите естетски зафати, Анастасија Ражнатовиќ отворено зброуваше за операцијата на носот, која ја направила на 13 години.
За време на гостувањето во една емисија откри дека девијацијата била причината што го оперирала носот како тинејџерка, но дека едноставно решила да каже дека сакала да го направи тоа.
„Постои една фотографија која кружи на Интернет, кога имав 13 години. Во тој момент имав скоро 80 килограми, дури сум и прелошо нашминкана. Сега имам 60. Не се срамам од тоа, не кријам дека сум изгледала така. Имав и повеќе килограми и поголем нос и помала уста... На таа фотографија сѐ изгледа страшно.“ - кажа таа, па додаде:
„Разбирам кога жената се чувствува несигурно поради носот или градите... и потполно сум за тоа. Сите го прават тоа, само што сите лажат! Мене носот ми е од тука до Батајница на фотографијата која кружи. Не бев задоволна од својот нос и го оперирав, само еднаш. Всушност го имам оперирано и само носот. Ја имав таа несигурност околу носот и тоа го корегирав. Нема сега зборувам дека сум имала девијација, па дека морав, не го направил поради тоа, океј, имав и девијација, но... Бидејќи сакав го направив тоа.“
фото: Принтскрин / Јутјуб
Анастасија по 18-от роденден направи и корекција на градите, но не толку очигледна како што прават другите нејзини колешки.
Пејачката наводно ги има зголемено градите за еден број, а за други операции и интервенции, освен за таа на носот, никогаш не зборувала,а ниту има потврдено или демантирано.
фото: Принтскрин / Инстаграм