Оригиналната верзија на „Малата сирена“ е страшна и мрачна: Еве што навистина се случува на крајот од оваа хорор бајка
Еден од најомилените анимирани филмови на Дизни „Малата сирена“ неодамна доби играна верзија. Ова е уште една можност повторно да се нурнете во магичниот свет на морскиот крал Тритон, да ги следите авантурите на Ариел додека таа сака да стане човечко суштество и да го освои срцето на принцот Ерик. Сепак, познатата анимирана адаптација на Ханс Кристијан Андерсон е многу помрачна и потажна приказна во оригиналот.
Иако верзијата на Дизни за приказната за Малата сирена е најпозната, сето тоа всушност е идеја од бајката „Малата сирена“ (оригинално „Den lille havfrue“) напишана од данскиот писател Ханс Кристијан Андерсен на почетокот на 19 век. Делото за прв пат било објавено во 1837 година како дел од збирката „Бајки раскажани за деца“, во која беа вклучени уште осум приказни за Андерсен.
Потеклото на приказната
Се верува дека Андерсен, инспирацијата за „Малата сирена“ ја пронашол во грчките митови за сирените - искушувачи кои ги мамат морнарите со своите песни, така што нивните бродови се насукувале на карпа.
Верзијата на Малата сирена напишана од Ханс Кристијан Андерсен
Малата сирена, една од шесте прекрасни ќерки на морскиот крал, се вљубува во принц кој живее во кралство надвор од водата. Откако нејзината баба и открива дека само човечките суштества имаат бесмртна душа и дека само ако маж се заљуби во неа и ја ожени и таа може да се стекне со неа, Малата сирена одлучува да се откаже од својот живот во морето и да замине на копно. Таа и го дава својот глас на водната вештерка се со цел таа за замена да и даде нозе, по што му се придружува на принцот во неговиот двор.
Приказната, сепак, има тажен крај - Малата сирена не успева да ја освои љубовта на принцот, тој се вљубува и се жени за друга жена, а Малата сирена умира претворајќи се во пена. Во последните параграфи од приказната, сирената станува „ќерка на воздухот“, дух кој ќе има можност да прави добри дела на Земјата 300 години и на тој начин да добие своја душа. После тоа, исто како и луѓето, ќе оди во рајот.
Бајката стекна голема популарност за време на животот на Андерсен, но предизвика и бројни критики, пред се поради крајот. Иако низ децениите имаше многу толкувања на симболи и пораки кои данскиот писател сакаше да ги испрати, денес повеќето луѓе мислат дека бајката за малата сирена, наместо љубовна приказна, всушност е приказна за потрагата по душа.
Фото:Screenshoot/Profimedia/Zenars