Осакатена и деформирана сум, си го сакам лицето назад: Маријана покажа фотки пред и после естетските корекции - последиците се страшни

Осакатена и деформирана сум, си го сакам лицето назад: Маријана покажа фотки пред и после естетските корекции - последиците се страшни

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Откако направила ботокс, лицето ѝ е целосно деформирано, а фотографиите ги објави јавно!

Денес, ботоксот е процедура која ја прават жените ширум светот. Многу луѓе сакаат што полесно да ги „испеглаат брчките“, па овие третмани одлично ја одржуваат својата популарност веќе неколку години. Маријана Мишелини, која објави фотографии пред и по вбризгување филер, докажа дека може да има бројни компликации и несакани ефекти.

Маријана реши да оди на корекција на лицето кое претставува разубавување, контурирање и обликување на лицето со помош на хијалуронски филери. Хирурзите истакнуваат дека оваа процедура ги коригира асиметриите, ги нагласува младешките црти на лицето и го подмладува лицето. Ова се постигнува со нагласување на централниот дел на лицето, контурирање на долната вилица и визуелно стеснување на пределот на брадата.

И покрај тоа, 34-годишната Маријана покажа како изгледаат последиците од неуспешната постапка. Таа откри дека нејзиното лице го упропастил лекар од Бразил во 2020 година и дека се уште се обидува да го врати првобитниот изглед. Секојдневно оди на третмани кои не ѝ гарантираат успех.

„Животот ми престана, психички сум скршена. Само сакам да ми се врати лицето. Многу страдам, но верувам дека правдата ќе биде задоволена, не сакам други луѓе да поминат низ ова“, изјави Маријана, која тогаш се согласила на бесплатна корекција, во замена за да го рекламира хирургот на социјалните мрежи. Маријана решила да го тужи споменатиот лекар посочувајќи дека тој не и вбризгал хијалуронска киселина, туку состојка која доведува до компликации.

Погледнете како изгледала Маријана некогаш и сега:


извор:mondo

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: