Ова бебе порасна во сериозен пејач, а скандалите не го заобиколуваат: Само оние со најостро око ќе знаат за кого се работи

Ова бебе порасна во сериозен пејач, а скандалите не го заобиколуваат: Само оние со најостро око ќе знаат за кого се работи

Наскоро во неговото семејство ќе пристигне принова

Фотографиите од детството секогаш не‘ враќаат во среќно време. Овие спомени нашите познати личности често ги споделуваат со своите фанови на социјалните мрежи, но ова конкретно момче никогаш не го сторил тоа, додека не гостуваше во една емисија.

Ако не сте погодиле, тоа е пејачот Аца Лукас. Пред неколку години гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ кога водителот Огњен Амиџиќ покажа фотографија од неговото рано детство.

Пејачот, инаку, еднаш раскажа каков бил како дете, и докажа дека не се променил многу.

- За среќа, не бев тој што сите го газеа и малтретираа. Не бев ниту бараба. Го користев умот повеќе отколку силата, иако секогаш се дружев со тие тешки момци. Имаше, се разбира, тепачки како, на пример, училиште против училиште, и јас секогаш учествував во тоа. Живеев во Карабурма и одев во училиштето „Филип Вишњиќ“, па се боревме против училиштата „Јован Поповиќ“ и „Јован Цвијиќ“. Закажавме натпревари, но само поради фудбалот што го игравме еден против друг - изјави тогаш Аца.

Инаку, Лукас наскоро ќе добие внук, со оглед на тоа што неговиот син Лазар откри дека чека наследник, а како што изјави за 24sedam, многу му е мило поради тоа.

- Се радувам, како да не бидам среќен. Дознав кога дознаа и тие, но не бев таму кога работеа со тие балони за да дознаат од кој пол е бебето. Овде сум да бидам дедо и едвај чекам – рече меѓу другото пејачотза 24седам.

Судејќи по фотографијата кога бил бебе, тој сакал да се смее и бил вистински шармер. Дали успеавте да го препознаете?



Фото и Видео: Youtube

Можеби ќе ве интересира: