Ова е малиот херој кој сакаше да ги спаси момчињата од замрзнатото езеро: Скокна во водата по нив, иако не ги познаваше

Ова е малиот херој кој сакаше да ги спаси момчињата од замрзнатото езеро: Скокна во водата по нив, иако не ги познаваше

Објавена во: Совети // Другарство

Фото: facebook

За време на спасувачката акција на брегот на езерото цело време биле присутни родителите на момчето

Џек Џонсон (10) е едно од трите момчиња кои загинаа вчера откако паднаа во замрзнатото езеро Солихал во Англија.

Без размислување за својата безбедност, 10-годишниот Џек Џонсон се втурнал во леденото езеро откако го слушнал крикот на трите момчиња.

Ова момче ја плати крајната цена за неговата храброст, бидејќи и тој за жал почина.

Освен него, починаа уште две момчиња кои Џек се обидел да ги спаси, додека шестгодишно момче сè уште е во болница и лекарите се борат за неговиот живот.

Џек бил извлечен од водата од службите за итна помош, заедно со полицаец кој се обидел да го пробие мразот за време на спасувањето.

За време на спасувачката акција на брегот на езерото цело време биле присутни родителите на момчето.

„Нашите молитви се со родителите на момчето. Сите сме со скршено срце. Дознавме дека Џек се обидел да спаси момчиња кои не ги ни познавал. Беше неверојатен", напишала неговата тетка во објавата на „Фејсбук“.

Полицијата соопшти дека нема повеќе пријавени за исчезнати, пишува „Мирор“.

Пријателот на момчето Томи Барнет (10) опишал како се случила трагедијата. Рече дека на едното момче му заглавило стапалото во мразот и дека други притрчале да му помогнат, но дека сите паднале низ замрзнатото езеро.

Семејствата на починатите момчиња се уништени, пишуваат медиумите.

Температурата во моментот на инцидентот се спуштила до +1 степен, додека во текот на ноќта била -3 степени.

Синоќа во неговиот роден град се одржа комеморација за починатите деца, а стотици луѓе се собраа да му аплаудираат на Џек за неговата неверојатна храброст. Меѓу насобраните биле и пожарникарите кои први пристигнале на местото на настанот и учествувале во извлекувањето на момчето од езерото.

„Почивајте во мир момци“, е само еден од транспарентите што ги носеа насобраните на комеморацијата.

Да потсетиме, несреќата се случила во неделата попладне кога три момчиња додека си играле паднале во замрзнато езеро.

Извор: www.telegraf.rs

Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: