Ова момче е гениј: Имал 178 IQ, средно училиште завршил за седум месеци, а потоа се самоубил за да стане донор на органи

Ова момче е гениј: Имал 178 IQ, средно училиште завршил за седум месеци, а потоа се самоубил за да стане донор на органи

Објавена во: Совети // Семејство

Бренден научил да чита кога имал само 18 месеци...

Бренден Бремер е роден во 1991 година, а бил окарактеризиран како вистински гениј и тоа со сериозна причина. Знаел да чита во моментот кога учел да оди. Клавир започнал да вежба на 3 години, а основно училиште завршил на 10 години. Но, она што е тажно во целата приказна е што неговиот живот нагло завршил во 2005 фодина, бидејќи во тоа време извршил самоубиство на 14 години и тоа за да стане донор на органи.

Бренден научил да чита кога имал само 18 месеци. Средното училиште, учејќи од дома завршил за седум месеци. Неговиот коефициент на интелигенција бил 178. Наставата на Универзитетот во Колораду започнал да ја посетува на 11 години. Тогаш ова момче се убило, бидејќи сакало да ги спаси животите на другите. Бубрезите на Бренден ги добиле двајца пациенти - црниот дроб бил пресаден на 2 - годишно дете, а срцето го добило 11 - годишно момче.

Краток период пред да изврши самоубиство, овој музички гениј го завршил своето второ ЦД со свои компилации. Што точно го навело на ваков чин, најверојатно ќе остане мистерија. Неговата мајка Пети за „Telegraf“ потврдила дека Бренден бил среќно дете кое никој никогаш не го форсирал. И покрај натпросечната интелигенција Бренден живеел како сите останати тинејџери. Сакал да кампува, да оди на риболов, да гледа анимирани филмови и да игра видеоигри. Неговиот татко Мартин Бремер вели ден Бренден имал многу развиена духовна страна и дека верува дека неговиот син кренал рака на себе за на другите да им ги даде своите ограни.

Многу често зборувал дека би сакал другите да имаат корист од неговата смрт.

„Сметаме дека нешто толку го допрело тој ден што едностано одлучил да замине. И замина за да им помогне на овие луѓе“ - додава Мартин, мислејќи на децата кои ги добиле неговите органи.


Извор: noizz.rs

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: